Трамп: САД испраќаат дополнителни 5.000 војници во Полска

Трамп: САД испраќаат дополнителни 5.000 војници во Полска

пред 3 часа

Американскиот претседател Доналд Трамп објави дека САД ќе испратат дополнителни 5.000 војници во Полска.

Врз основа на успешниот избор на сегашниот претседател на Полска, Карол Навроцки, кого гордо го поддржував, и нашиот однос со него, со задоволство објавувам дека САД ќе испратат дополнителни 5.000 војници во Полска“, напиша Трамп вчера на мрежата Truth Social, пренесуваат агенциите.

Како што објави АП, ова предизвика конфузија по променливите изјави на Трамп и неговата администрација за намалување, а не зголемување, на американското воено присуство во Европа.

Администрацијата на Трамп претходно објави дека го намалува бројот на војници во Европа за околу 5.000, а американските претставници потврдија дека околу 4.000 војници повеќе не се распоредени во Полска.

Трамп ја даде изјавата во време кога државниот секретар Марко Рубио беше на пат кон Шведска, на состанок со министрите на НАТО, кои ја доведоа во прашање политиката на администрацијата на Трамп за намалување на бројот на американски војници во Европа.

Текстот Трамп: САД испраќаат дополнителни 5.000 војници во Полска е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top