Трамп: Уште една прекрасна армада прекрасно плови кон Иран токму сега

Трамп: Уште една прекрасна армада прекрасно плови кон Иран токму сега

пред 2 часа

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека „уште една“ американска воена флота е на пат кон Иран.

„Патем, уште една прекрасна армада прекрасно плови кон Иран во моментов. Па ќе видиме“, рече Трамп во говорот во американската држава Ајова вчера. Не беше јасно дали Трамп мислеше на носачот на авиони „УСС Абрахам Линколн“ и придружните воени бродови кои веќе пристигнаа на Блискиот Исток во понеделник или на други американски воени сили.

Во меѓувреме, регионалната команда на американската војска, ЦЕНТКОМ, објави повеќедневна вежба на воздухопловните сили на Блискиот Исток.

Трамп неодамна одби да ја исклучи можноста за воена интервенција на САД во Иран по насилното задушување на протестите, за кое групите за човекови права и сведоците велат дека однесе илјадници животи. Што се однесува до раководството во Техеран, Трамп во Ајова рече: „Се надевам дека ќе постигнат договор“.

Тој претходно изјави за американскиот новински медиум „Аксиос“ дека Иран е заинтересиран за дипломатско решавање на тензиите со САД. Ситуацијата со Иран е „променлива“ бидејќи САД испратија голема флота во регионот, изјави Трамп во интервју за „Аксиос“.

Текстот Трамп: Уште една прекрасна армада прекрасно плови кон Иран токму сега е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top