Американската армија нуди награда за апсење на двајца крадци кои украле дронови од воена база, а објавувањето на наградата се случува поради страв од можен ирански напад со дронови на американска почва.
Службата за кривични истраги на армијата понуди 5.000 долари за информации што ќе доведат до апсење на крадци кои украле дронови од базата Форт Кемпбел во Кентаки минатиот ноември, пишува „Њујорк пост“.
Кражбата се случила помеѓу 21 и 24 ноември, но воените претставници не објавија кога точно е откриено дека опремата е исчезната.
Дроновите се Skydio X10Ds, лесни квадрокоптери со долг дострел што се користат за воздушен надзор и извидување. Според производителот, овие дронови користат вештачка интелигенција за да избегнат пречки и можат да се поврзат со 5G мобилни мрежи, што им дава практично неограничен дострел на сигналот. Вредноста на еден таков дрон се проценува на речиси 30.000 долари.
Воените истражители објавија фотографии од двајца осомничени кои носат ракавици, светли јакни и зимски капи, а едниот од нив имал маска на лицето. Објавени се и снимки од две возила за кои се сомнева дека се користени во бегството. Станува збор за седан со четири врати во светла боја и пикап во темна боја.
Текстот Украдени дронови од воена база во САД, армијата објави слики од осомничените и нуди награда е превземен од МАКФАКС.





