Украина ги затвора границите со Русија и Белорусија, објави вечерва украинскиот премиер Денис Шмихал, пишува Си-Ен-Ен.
Според извештаите, во објавената видео изјава, Шмихал рече дека само граѓаните на Украина ќе можат да преминат од Русија и Белорусија во Украина.
Тој не прецизираше кога границата ќе биде затворена.