Украина и Јапонија потпишаа десетгодишен безбедносен договор на маргините на самитот на Г7

Украина и Јапонија потпишаа десетгодишен безбедносен договор на маргините на самитот на Г7

пред 7 месеци

Украина и Јапонија денеска потпишаа 10-годишен безбедносен договор на маргините на самитот на Г7, соопшти украинскиот претседател Володимир Зеленски.

„Јапонија ќе и обезбеди на Украина 4,5 милијарди долари во 2024 година и ќе продолжи да не поддржува во текот на десетгодишното времетраење на договорот“, рече Зеленски на платформата „Икс“.

Според него, договорот предвидува безбедносна и одбранбена помош, хуманитарна помош, техничка и финансиска соработка.

Текстот Украина и Јапонија потпишаа десетгодишен безбедносен договор на маргините на самитот на Г7 е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top