Украина: Русија планира да регрутира 20.000 странци во својата армија до 2026 година

Украина: Русија планира да регрутира 20.000 странци во својата армија до 2026 година

пред 4 часа

Русија планира да регрутира околу 20.000 странци во своите вооружени сили во 2026 година, објави украинскиот проект „Сакам да живеам“, управуван од Главната дирекција за разузнавање на Министерството за одбрана на Украина (ГУР). Украинската разузнавачка служба вели дека Москва ги засилува напорите за привлекување странски државјани, а извршените проверки го утврдуваат бројот на странски мажи на возраст од 18 до 60 години кои живеат во Русија, објавува Украинска правда.

Според проценките, се очекува канцелариите за воена регрутација во секој руски регион да се обидат да регрутираат помеѓу 0,5 и 3,5 проценти од вкупниот број странци кои живеат таму. Руското Министерство за одбрана планира да регрутира најмалку 18.500 странски државјани оваа година, тврдат украински извори.

Руските воени власти наводно се особено заинтересирани за граѓаните на земјите од Централна Азија: Казахстан, Киргистан, Узбекистан и Таџикистан. Напори за регрутирање се спроведуваат и надвор од Русија, а приоритетни области се некои од најсиромашните земји во Азија и Африка, како што се Бангладеш, Чад, Судан и Бурунди.

Покрај официјалните канали, псевдоприватни воени организации создадени под контрола на руските безбедносни служби, вклучувајќи ја и воената разузнавачка служба ГРУ, исто така се вклучени во регрутирање странци. Меѓу нив се „Редут“, „Конвој“, „Вагнер-2“, „Поток“, „Руско борбено братство“, „Факел“, „Патриот“, „Пламја“, „Сокол“ и „Ветерани“. ГУР додава дека методите што се користат за привлекување странци вклучуваат не само ветувања за пари, бенефиции и руско државјанство, туку и притисок и принуда.

Текстот Украина: Русија планира да регрутира 20.000 странци во својата армија до 2026 година е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top