Руските сили ги уништија сите болници и други здравствени установи во областа Луганск во источна Украина, објави денеска на Фејсбук, шефот на локалната власт во Луганск.
„Од почетокот на војната меѓу Украина и Русија, секоја медицинска установа во нашиот регион е нападната од руски гранати“, објави Сергеј Гајдаи на Фејсбук.
Тој објави и неколку фотографии од оштетената болница во Рубижња, за кои напиша дека е „нова“ и „полна со напредна опрема“.
Гајдаи го обвини главниот лекар на болницата за „предавство“, откако тој се согласи со тврдењето на Русија дека украинските сили стојат зад уништувањето на болницата.






