Украинска двојка се венчала и направила свадбени фотографии среде урнатините на Харков

пред 3 години

Украински пар се венчале среде војна во метрото во Харков, а својот брак одлучиле да го прослават во воена средина, опкружена со урнатини во Харков.

Настја Грачева и Антон Соколов беа фотографирани веднаш откако се венчаа меѓу урнатините на трговски и деловен комплекс во вториот по големина град во Украина.

На фотографијата објавена на Твитер се гледа како парот позира меѓу урнатините, а описот објаснува како изгледа свадба во град под постојано гранатирање:

– Фото област во позадина на уништената зграда и бомбардираниот центар на градот, церемонија во метрото. Ова е силна порака до светот, Харков се противи и живее.

И двајцата биле медицински работници пред почетокот на војната, а сега волонтираат и обезбедуваат бесплатна медицинска нега на оние на кои им е потребна. Настја работела како медицинска сестра во онколошка болница, а Антон како лекар пред руската инвазија на Украина.

Се вели дека кога останале без медицински материјали, почнале да собираат пари и да купуваат лекови за жителите на градот на кои им било потребно лекување. Харков сè уште го чека повлекувањето на руските сили, но тоа не ги спречи Настија и Антон да го прослават својот најсреќен ден.

Share
Scroll to Top