Украинците од Запрожје: „Продажбата на Украина не е успех“

Украинците од Запрожје: „Продажбата на Украина не е успех“

пред 1 година

Жителите на украинскиот град Запорожје, кој се наоѓа на линијата на фронтот, стравуваат дека плановите на Доналд Трамп да стави крај на војната претставуваат предавство на Украина, јавува „Би-Би-Си“.

„Многу се зборува за тоа дека Трамп ја предал Украина, а тоа изгледа многу лошо за нас“, рече Олександр Бездинов.

„Можете да се обидете да најдете нешто позитивно, но според она што го гледате во вестите, ситуацијата е катастрофална. Не гледам што ќе постигне Трамп ако заврши вака. Продажбата на Украина не е успех“, додаде Бездинов.

Викторија Мохалова, психолог од Запорожје, е скептична за какви било потенцијални договори меѓу американскиот и рускиот претседател.

„Ако е вистина дека Трамп и Путин склучуваат договори, тоа значи дека сме распродадени. Загрижена сум што Трамп покажува таков бесрамен презир кон меѓународното право. Путин е криминалец“, изјави Мочалова за Би-Би-Си.

Од друга страна, Ана Холовченко, ИТ експерт од Запорожје, има малку пооптимистички став: „Тој зборува многу, а малку прави на дело. Не е убаво да се слушне што рекол, но таков е. Ќе треба само да почекаме и да видиме што ќе се случи. Јавните изјави и меѓународната политика се две сосема различни работи”, додаде Холовченко.

Текстот Украинците од Запрожје: „Продажбата на Украина не е успех“ е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top