Унгарија и Словачка ја блокираа помошта за Украина

Унгарија и Словачка ја блокираа помошта за Украина

пред 4 часа

Новите заклучоци на Европскиот совет за Украина на денешниот состанок во Брисел ги потпишаа 25 земји-членки, но не и Унгарија и Словачка, кои продолжуваат да ја блокираат финансиската помош за Украина.

Како што објави Гардијан, новиот документ ја потврдува поддршката за Киев, како и поддршката на лидерите на ЕУ за мировни преговори што би ги почитувале границите на Украина и би обезбедиле безбедносни гаранции, но не и дефинитивна одлука за исплата на кредити за Украина во вредност од 90 милијарди евра, туку само намерата исплатите да започнат во април.

Документот содржи и намери за „брзо усвојување“ на 20-от пакет санкции против Русија, но никаде не е донесена дефинитивна одлука. Пред денешната седница на Европскиот совет, унгарскиот премиер Виктор Орбан изјави дека земјата е подготвена да ѝ помогне на Украина само кога ќе ја добие својата нафта, чија испорака е блокирана од Киев.

Кога беше прашан за нафтоводот „Дружба“, кој не работи од крајот на јануари, и за деблокирањето на кредитите за Украина, тој им рече на новинарите во Брисел дека дотогаш нема да поддржи никаква одлука во корист на Украина.

„Чекаме нафта, сè друго е раскажување бајки. Веруваме само во факти. Нафтата треба да пристигне во Украина. Дотогаш не можеме да поддржиме никаков проукраински предлог“, рече Орбан, пренесува Танјуг.

Фото: ЕПА

Текстот Унгарија и Словачка ја блокираа помошта за Украина е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top