Ушаков: Путин ја гарантира безбедноста на Зеленски ако дојде во Москва

Ушаков: Путин ја гарантира безбедноста на Зеленски ако дојде во Москва

пред 3 часа

Рускиот претседател Владимир Путин денес изјави дека на претседателот на Украина, Володимир Зеленски, ќе му биде загарантирана безбедноста ако дојде во Москва, изјави Јуриј Ушаков, помошник на рускиот претседател за надворешна политика.

Според Ушаков, рускиот претседател го рекол ова за време на денешниот телефонски разговор со норвешкиот премиер Јонас Гар Сторе и финскиот претседател Александар Стаб, пренесува ТАСС.

Путин им рекол на Стаб и Сторе, изјави Ушаков, дека на Зеленски ќе му бидат обезбедени сите потребни услови, вклучително и безбедноста, ако дојде во Москва.

Разговорот на Путин кој траел 90 минути, се фокусирал првенствено на договорот за продолжување на преговорите меѓу Русија, Украина и САД, пренесуваат агенциите.

Текстот Ушаков: Путин ја гарантира безбедноста на Зеленски ако дојде во Москва е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top