Финскиот претседател до Трамп: Се обликува „поевропски НАТО“, а Европа презема одговорност

Финскиот претседател до Трамп: Се обликува „поевропски НАТО“, а Европа презема одговорност

пред 1 час

Финскиот претседател Александар Стаб му кажа на американскиот претседател Доналд Трамп во телефонски разговор дека во тек е обликување „поевропски НАТО“, а Европа „презема одговорност“, соопштено е од кабинетот на финскиот претседател, пренесуваат светските медиуми.

Разговорот се одржал истиот ден кога Трамп за Ројтерс изјави дека размислува за повлекување на САД од воениот сојуз, објави Ројтерс.

Стаб го опиша разговорот на социјалните мрежи како конструктивен.

„Конструктивна дискусија и размена на мислења за НАТО, Украина и Иран. Постојат проблеми што треба да се решат прагматично“, напиша финскиот претседател.

Во соопштението од неговиот кабинет се додава дека темата за „европски НАТО“ ќе биде на дневен ред на годишниот самит на Алијансата, кој ќе се одржи во Анкара на 7 и 8 јули.

Текстот Финскиот претседател до Трамп: Се обликува „поевропски НАТО“, а Европа презема одговорност е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top