Фон дер Лајен ги претстави црвените линии на ЕУ за преговорите за Украина

Фон дер Лајен ги претстави црвените линии на ЕУ за преговорите за Украина

пред 4 недели

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, во Стразбур изјави дека Русија го ескалира насилството секојпат кога ќе има напредок во преговорите за Украина. Таа рече дека планот на Москва не се променил и дека Кремљ верува оти може да издржи подолго од Украина и од нејзините сојузници.

Фон дер Лајен ги претстави црвените линии на ЕУ: нема прифаќање еднострано менување граници, ниту ограничување на украинската армија, затоа што тоа би ја направило ранлива на идни агресии. Таа ја поздрави иницијативата на американскиот претседател Доналд Трамп за мир и истакна дека се работи на текст за мировен договор.

Фон дер Лајен најави дека ЕК подготвува правен документ за користење на замрзнатиот руски имот за обновата на Украина нагласувајќи дека европските даночни обврзници не смее сами да ја носат финансиската тежина. Таа додаде дека иднината на Украина е во Европската Унија и дека тоа е клучен дел од секој безбедносен договор.

Текстот Фон дер Лајен ги претстави црвените линии на ЕУ за преговорите за Украина е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top