Фон дер Лајен: ЕУ подготвува пакет економска поддршка за Ерменија по рускиот притисок

Фон дер Лајен: ЕУ подготвува пакет економска поддршка за Ерменија по рускиот притисок

пред 1 час

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, денес изјави дека Европската Унија подготвува пакет економска поддршка за Ерменија во почетен износ од 50 милиони евра, откако Русија воведе некои трговски ограничувања за Ерменија.

„Денес разговарав со премиерот на Ерменија Никол Пашинјан за неодамнешните руски ограничувања насочени кон Ерменија. Ова не е ништо повеќе од економска принуда и е неприфатливо“, рече Фон дер Лајен, објави Ројтерс.

Таа додаде дека со проширување на извозните ограничувања на ерменските производи, Москва ги користи економските односи како „оружје“ за политички притисок.

Текстот Фон дер Лајен: ЕУ подготвува пакет економска поддршка за Ерменија по рускиот притисок е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top