(Фото+видео) Голема експлозија во близина на најпрометниот аеродром во Аргентина

(Фото+видео) Голема експлозија во близина на најпрометниот аеродром во Аргентина

пред 4 часа

Повеќе од 20 лица се повредени по силни експлозии во индустриски парк во близина на Буенос Аирес, по што следеше голем пожар, соопштија аргентинските власти.

Индустриската локација се наоѓа во близина на најпрометниот меѓународен аеродром во земјата, објави АФП.

Шефот на локалната администрација, Гастон Гранадос, изјави дека противпожарните екипи го гаснат пожарот од синоќа, но дека пожарот сè уште е надвор од контрола.

Директорот на болницата, Карлос Санторо, изјави дека неговата институција примила 22 повредени лица.

Во индустриската зона има неколку фабрики кои произведуваат гуми, хемиски производи и друга стока.

Според медиумите, пожарот довел до откажување на летовите.

Текстот (Фото+видео) Голема експлозија во близина на најпрометниот аеродром во Аргентина е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top