(Фото+Видео) Се шират снимките од бруталниот напад на Киев, станува сè полошо

(Фото+Видео) Се шират снимките од бруталниот напад на Киев, станува сè полошо

пред 2 часа

Аеродромите во Жешов и Лублин во југоисточна Полска беа привремено затворени откако полските вооружени сили испратија борбени авиони како одговор на руските напади врз Украина.

„Поради потребата да се обезбеди слобода на дејствување на воената авијација, аеродромите во Жешов и Лублин привремено ги прекинаа воздушните операции“, објави денес полската агенција за авијација PANSA на мрежата IX.

Во текот на ноќта и утрото, руските сили го нападнаа градот Киев и неколку области во регионот Киев, а во нападот беа оштетени станбени згради, градилишта и деловни објекти, а неколку лица беа ранети, објавија украинските власти.

Во Киев и голем број украински региони, воздушната закана останува на сила поради заканата од балистички ракети.

 

Текстот (Фото+Видео) Се шират снимките од бруталниот напад на Киев, станува сè полошо е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top