Службите за итни случаи и полицијата интервенираа на аеродромот Хитроу во Лондон поради „сериозен инцидент“ кој се случи утрово.
Според локалните медиуми, неколку лица се повредени, а итната помош ги префрли во болница.
Лондонската полиција соопшти дека група мажи испрскале неколку лица со „некаков вид спреј со бибер“, по што го напуштиле местото на настанот. Едно лице е уапсено под сомнение за напад, а истрагата продолжува за да се пронајдат останатите осомничени.
MAJOR INCIDENT DECLARED AT HEATHROW AIRPORT
DMs are open if you have more information. pic.twitter.com/1CEbSHuU6e
— British Intel (@TheBritishIntel) December 7, 2025
Полицијата и вооружените единици пребаруваа паркинг на аеродромот.
„Во оваа фаза, веруваме дека во инцидентот учествувала група луѓе кои се познаваат, а расправијата ескалираше и резултираше со повреди на неколку лица. Не го третираме овој инцидент како тероризам“, изјави полицискиот командант Питер Стивенс.
Инцидентот предизвика привремени прекини во работењето на метрото и железницата околу аеродромот.
Текстот (Фото+видео) Сериозен инцидент на аеродромот Хитроу во Лондон: еден уапсен, неколкумина повредени е превземен од МАКФАКС.






