Французин се обидел да прошверцува жена од Тајланд во куфер

Французин се обидел да прошверцува жена од Тајланд во куфер

пред 2 часа

Албанските гранични служби спречиле обид за нелегално пренесување на жена од Тајланд, која била пронајдена скриена во куфер во автомобил управуван од француски државјанин на граничниот премин Муриќан, меѓу Албанија и Црна Гора.

Според информациите од албанската полиција, уапсен е 26-годишниот Том Хаак, кој се сомничи дека се обидел незаконски да пренесе лице преку државната граница.

При деталната контрола на возилото, полицајците откриле патнички куфер сместен на задното седиште, во кој се наоѓала државјанка на Тајланд.

Првичната истрага покажува дека крајната цел била жената нелегално да биде пренесена во Франција, а маршрутата требало да води преку Црна Гора и Хрватска.

Од албанската полиција информираат дека францускиот државјанин е приведен, а во притвор е задржана и жената од Тајланд, додека надлежните институции продолжуваат со истрагата за целосно расчистување на случајот.

Текстот Французин се обидел да прошверцува жена од Тајланд во куфер е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top