Францускиот министер за надворешни работи Жан-Ноел Баро денес оцени дека трилатералната средба меѓу американскиот претседател Доналд Трамп, кинескиот претседател Шји Џјинпинг и рускиот претседател Владимир Путин во Шенжен, Кина, нема да донесе никакви конкретни резултати, бидејќи, како што изјави, тројцата лидери не се согласуваат за ништо.
„Тројцата не се согласуваат за ништо и затоа ништо нема да произлезе од оваа средба“, изјави Баро за француското радио „RTL“.
Лидерите на САД, Кина и Русија треба да разговараат за „светскиот мир“ денес за време на првата трилатерална средба, која се одржува на маргините на самитот на Азиско-пацифичката економска соработка (APEC) во Шенжен.
Фото: ЕПА
Текстот Францускиот министер за надворешни работи: Ништо нема да донесе средбата меѓу Трамп, Шји и Путин е превземен од МАКФАКС.




