Францускиот премиер Жан Кастекс изјави денеска дека има намера да поднесе оставка по вториот круг од претседателските избори, доколку ги добие претседателот во заминување, центристот Емануел Макрон, пренесе Франс инфо.
„Ќе поднесам оставка од мојата влада и владата во деновите по изборите“ доколку Макрон биде реизбран, рече Катекс, додавајќи дека се зависи од изборните резултати.
Премиерот навести можност да остане на власт до парламентарните избори закажани за јуни, доколку лидерката на екстремната десница Марин Ле Пен победи на претседателските избори, бидејќи тоа го дозволува Уставот.
Кастекс од редовите на десничарската Републиканска партија како причина за неговата евентуална оставка наведе дека е еден од оние кои сметаат дека е потребен нов поттик по реизборот на Макрон.