Дванаесет милиони француски ученици денеска се вратија на своите клупи, носеа маски за лице, користеа средства за дезинфекција и држеа дистанца во училишните дворови, во согласност со строгите правила насочени кон сузбивање на ширењето на Ковид-19.
Претседателот Емануел Макрон, кој посети училиште во јужниот пристанишен град Марсеј, ги повика учениците да ги почитуваат прописите, наведувајќи во видео на Твитер дека владата „го прави она што е потребно за да враќањето на училиште биде што е можно понормално“, пренесе „Ројтерс“.
Според зборовите на заменик-директорот на едно средно училиште во Париз, Матиу Сегин, оваа ситуација донесе значителни промени и, како што вели, многу се разликува од вообичаените.
Со вакцинацијата што сега им е достапна на 12-годишниците, Сегин вели дека неговото училиште може да стане центар за вакцинација.
Макрон на Твитер напиша дека тројца тинејџери веќе примиле вакцини протов коронавирус.