Хавана: Рубио провоцира воена агресија против Куба

Хавана: Рубио провоцира воена агресија против Куба

пред 1 час

Кубанскиот министер за надворешни работи Бруно Родригез го обвини американскиот државен секретар Марко Рубио за провоцирање воена агресија против Куба и лажно претставување на таа земја како држава спонзор на тероризмот.

„Државниот секретар на САД повторно лаже за да поттикне воена агресија што би довело до пролевање кубанска и американска крв“, рече Родригез, според Ројтерс.

Тој рече дека Куба не претставува никаква закана за безбедноста на Соединетите Американски Држави и го обвини Вашингтон дека намерно се обидува да предизвика економски колапс и социјален хаос на островот.

Порано во четвртокот, Рубио оцени дека Куба „долго време е закана за националната безбедност на САД“, тврдејќи дека на островот се наоѓаат руски и кинески разузнавачки структури, пренесува Танјуг.

Текстот Хавана: Рубио провоцира воена агресија против Куба е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top