Хамас: Израел цели на жени и деца на отворено, на улица

Хамас: Израел цели на жени и деца на отворено, на улица

пред 1 година

Високи претставници на Хамас одржаа прес-конференција на непозната локација. Во име на Хамас зборува портпаролот Осама Хамдан.

Тој прво се осврна на неодамнешните тврдења на портпаролот на израелските одбранбени сили (ИДФ), Даниел Хагари, кој рече дека Хамас складира оружје под болницата Шеик Хамад. Тој го негираше ова и рече дека Хамас не ги користел дупките за кои Израел тврди дека се влезови во подземен тунел.

„Илјадници наши борци се движат без тие да знаат“, рече Хамдан.

Портпаролот на Хамас ги повика ОН да ги набљудуваат болниците во Газа за да ги видат воените злосторства на Израел и да утврдат дека Хамас нема никаква врска со тоа.

Toj потоа се сврте кон екранот до него покажувајќи фотографија со наслов „Холокауст во Газа“, пред да каже дека Израел намерно гаѓал цивили во Газа, додавајќи дека во тој процес уништил околу 250.000 домови.

„Окупаторската армија цели… жени и деца на отворено, на улиците“, вели тој.

Хамдан потоа се повика на графика која ги прикажува последиците од израелскиот напад.

Тој вели дека Израелците им делеле летоци на цивилите во Газа во кои ги повикуваат да се евакуираат за да ги натераат да ги напуштат своите домови и да станат полесни мети.

Текстот Хамас: Израел цели на жени и деца на отворено, на улица е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top