Хрватската влада на итна седница поради енергетската криза

Хрватската влада на итна седница поради енергетската криза

пред 3 часа

Поради нарушувањата на енергетскиот пазар предизвикани од конфликтот на Блискиот Исток, Владата на Хрватска одржува итна седница.

Хрватскиот премиер, Андреј Пленковиќ, кажа дека Владата утре повторно ќе ги ограничи цените на горивата и дека се водат интензивни дискусии за продолжување на пролетниот пакет мерки за помош на граѓаните.

„Ќе ги користиме алатките што ни се на располагање за да го ублажиме овој раст. Сега не можеме да се преправаме дека барел нафта е ист како што беше. Ќе има одредено зголемување на цените, но Владата ќе интервенира за да го направи овој раст помал и поднослив за нашите граѓани и нашата економија“, изјави вчера премиерот.

Пленковиќ верува дека енергетската криза предизвикана од војната може да потрае, со оглед на тоа што ситуацијата ескалираше со нападот на Израел врз гасното поле Јужен Парс и одмаздата на Иран против енергетските објекти низ целиот Залив.

Премиерот тврди дека оваа енергетска криза ќе биде поизразена од онаа пред четири години и посочи дека станува збор за ненадејно и големо зголемување на цените на енергетските производи, што нужно бара владини мерки.

Текстот Хрватската влада на итна седница поради енергетската криза е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top