ЦДУ се одлучи за Лашет, Седер ја прифаќа одлуката

пред 4 години

Трката за кандидат за иден германски канцелар на коалицијата ЦДУ / ЦСУ заврши и унионистите на парламентарните избори во септември ќе ги предводи шефот на ЦДУ, Армин Лашет.

Претседателството на ЦДУ главно гласаше во прилог на Лашет – тој беше поддржан од 31 член, додека деветмина биле за лидерот на ЦСУ, Маркус Седер.

Според германските медиуми, Седер најавил прифаќање на одлуката, со што се става крај на неизвесноста околу кандидатот на унионистите за иден канцелар.

Во последните неколку дена, Седер и Лашет водеа „битка“ за првата позиција на изборната листа.

Седер долго време се сметаше за најизгледен кандидат, бидејќи истражувањата покажуваат дека тој е далеку попопуларен од неговиот противник.

Сепак, ЦДУ се наметна со својата одлука во корист на Лашет, а Седер, прифаќајќи ја, го враќа мирот во редовите на унионистите.

Share
Scroll to Top