Просечните цени на горивата во Соединетите Американски Држави се искачија на највисоко ниво од почетокот на војната со Иран, поради страв од продолжена енергетска криза, додека Вашингтон и Техеран се чини дека се во ќорсокак околу предлогот за повторно отворање на Ормускиот теснец и прекин на двомесечниот застој, објавува „Ју-Ес-Еј Тудеј“.
Цените на бензинот во вторник достигнаа просечно 4,18 долари за галон, што е највисоко ниво од почетокот на војната меѓу Русија и Украина во 2022 година.
Скокот на цените доаѓа во време кога Белата куќа е скептична кон иранскиот мировен предлог што има за цел да ги одложи дискусиите за нуклеарната програма на Техеран, а претседателот Доналд Трамп инсистира дека секој договор мора да вклучува откажување од збогатување на ураниум од страна на Иран.
Текстот Цените на горивата во САД достигнаа највисоко ниво од војната со Иран е превземен од МАКФАКС.






