Сите видови горива во Црна Гора од денеска поскапуваат за три и четири центи по литар, соопшти Министерството за капитални инвестиции.
Литар од двата вида бензин поскапува за четири центи, па во следните две недели БМБ 98 ќе чини 1,58 евра, а БМБ 95 1,54 евра.
Еуродизелот е поскап за три центи за литар и чини 1,42 евра. Исто така, нафтата за греење поскапе за три центи и чини 1,40 евра.
Со последното поскапување, цените на горивата во Црна Гора го надминаа рекордот од 2012 година, кога највисоките цени на бензините беа 1,54 и 1,50 евра, а на Еуродизелот 1,38 евра.