Црна Гора го затвори 21 поглавје: има за цел да ги заврши преговорите со ЕУ оваа година

Црна Гора го затвори 21 поглавје: има за цел да ги заврши преговорите со ЕУ оваа година

пред 1 час

Црна Гора затвори уште три преговарачки поглавја во Луксембург, со што вкупниот број на затворени поглавја достигна 21. На меѓувладината конференција за пристапување кон ЕУ, земјата ги заврши преговорите за поглавјата што се однесуваат на Економската и монетарната политика, Статистиката и Социјалната политика и вработувањето.

„Црна Гора покажува дека проширувањето е можно, дека проширувањето е успешна приказна“, изјави ирскиот министер за европски прашања, Томас Бирн.

Кос: Одлучувачки момент
Европската комесарка за проширување, Марта Кос, изјави дека ЕУ целосно ја поддржува амбицијата на Црна Гора да ги заврши пристапните преговори до крајот на оваа година. „Ја поддржуваме вашата амбиција; ова е одлучувачки момент“, рече Кос.

Таа нагласи дека преостанатите реформи – особено оние што се однесуваат на владеењето на правото и уставните измени – „не можат да чекаат“. Црна Гора е во преден план на процесот на проширување и има постигнато најголем напредок меѓу сите земји-кандидати на патот кон членство во Европската Унија.

Текстот Црна Гора го затвори 21 поглавје: има за цел да ги заврши преговорите со ЕУ оваа година е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top