Тригодишно момче е тешко повредено во белградската населба Винча, кога врз него паднал чевларник, јавуваат медиумите. Несреќата се случила вчера, како што се наведува, а лекарите се борат за животот на детето во Ургентниот центар.
Според лекарите, детето има повреди на черепот, како и на белите дробови.