Четворица мажи избодени во Лондон

Четворица мажи избодени во Лондон

пред 19 минути

Четворица мажи се избодени попладнево во југоисточен Лондон, а полицијата уапсила седум лица. Еден од повредените е во критична состојба, пишува „Телеграф“.

Нападот се случил на улицата Бромли Хај Стрит. Според сведоци, инцидентот се случил во ресторан на КФЦ. Идентитетот на жртвите не е објавен.

На нападот му претходиле пријави за група луѓе со мачети на улицата. Сведоци тврдат дека било употребено оружје со големо сечило, а еден од нив навел дека станувало збор за таканаречен „зомби-нож“, со сечило долго и до 60 сантиметри.

Метрополитенската полиција соопшти дека околу 14:15 часот добила пријава за судир. На местото биле пронајдени четворица мажи со убодни рани. Тројца се пренесени во болница со повреди кои не се опасни по живот, додека четвртиот е во критична состојба.

Уапсени се седум мажи и сите се задржани во притвор. Полицијата го блокирала градскиот плоштад и трговскиот центар додека трае истрагата.

Текстот Четворица мажи избодени во Лондон е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top