Чешка купува тенкови „Леопард“ заедно со Германија

Чешка купува тенкови „Леопард“ заедно со Германија

пред 6 месеци

Чешката влада го одобри планот да и се придружи на Германија во заедничко купување до 77 тенкови „Леопард 2А8“ за да го замени вооружувањето на Чешката Република од советската ера, објави премиерот Петр Фиала.

Одобрувањето е чекор кон финалниот план за заедничка набавка од германско-францускиот производител КНДС, која се очекува до крајот на годинава.

„Владата одобри да се приклучи кон заедничкото купување на тенкови „Леопард“ кои потоа ќе ја заменат советската опрема од нашите магацини“, рече Фиала.

Заедничките набавки ќе помогнат да се намали крајната цена и да се овозможи учество на чешката индустрија, рече тој.

Членката на НАТО, Чешка веќе доби 15 постари тенкови „Леопард 2А4“ од Германија, во замена за оние што Прага му ги даде на Киев.

Чешката влада се согласи и со германската понуда да добие уште 15 бесплатно и да купи уште 15. Со тоа Чешката Република ќе добие вкупно 122 „Леопарди“ од различни модели.

Цената на новите 77 тенкови 2А8 може да достигне 2,29 милијарди долари до 2030 година, објави Министерството. Државата првично е заинтересирана да купи 61 од нив, со опција за уште 16.

Новите тенкови заедно со веќе договорената набавка на оклопниот транспортер ЦВ-90 ќе и овозможат на Чешка да формира моторизирана бригада.

Текстот Чешка купува тенкови „Леопард“ заедно со Германија е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top