Шведската влада сака што поскоро да ги зголеми воените трошоци на два отсто од бруто домашниот производ, во светло на рускиот напад врз Украина, изјави денеска шведската премиерка Магдалена Андерсон.
„ Денеска презентираме нова иницијатива со јасна порака до шведскиот народ и светот околу нас. Одбранбениот капацитет на Шведска мора значително да се зајакне, изјави Андерсон на прес-конференција, пренесува „Ројтерс“.
Со крајот на Студената војна, шведските трошоци за одбрана паднаа од три проценти од БДП во раните 1980-ти на околу еден процент од БДП во последните години.