Германија бара појаснување дали САД ја шпионирале Меркел

пред 3 години

Германската влада се јави по повод обвинувањата дека САД, користејќи го партнерството со Данска, ја шпионирале германската канцеларка Ангела Меркел и други европски претставници.

„Федералната влада го зеде предвид овој извештај и е во контакт со релевантни национални и меѓународни чинители за појаснување“, рече портпаролот Стефен Зајбер, но одби да коментира понатаму за наводите за шпионажа.

Данската државна телевизија ДР објави дека Американската национална разузнавачка служба (НСА) ја користела данската разузнавачка служба за да шпионира службени лица во Европа, вклучувајќи ја и германската канцеларка.

Ова го покажуваат резултатите од внатрешната истрага од 2015 година за партнерството со НСА, што ја спроведе данската разузнавачка служба, објави ДР.

Според овие обвинувања, НСА користела дански разузнавачки врски за да шпионира политичари во Норвешка, Шведска, Франција и Германија.

Францускиот претседател Емануел Макрон изјави дека се чека објаснување и дека шпионирањето на сојузниците е неприфатливо.

Данскиот министер за одбрана Трине Брамсен одби да ги коментира „шпекулациите во медиумите“.

Share
Scroll to Top