Шест американски услови за мир со Иран

Шест американски услови за мир со Иран

пред 2 часа

По три недели војна, администрацијата на Доналд Трамп започна прелиминарни разговори за следната фаза од конфликтот и можни мировни преговори со Иран. Според американски функционер и извор запознаен со ситуацијата, во разговорите биле вклучени специјалниот пратеник Стив Виткоф и зетот на Трамп, Џаред Кушнер, пишува Аксиос.

Во последните денови нема директен контакт меѓу САД и Иран, а комуникацијата се одвива преку посредници – Египет, Катар и Обединетото Кралство. Египет и Катар ги информираа САД и Израел дека Иран покажува интерес за преговори.

„Нашиот став е дека го запревме иранското напредување“, рече американски функционер, изразувајќи уверување дека Иранците ќе се согласат на преговори. Функционерот рече дека САД бараат од Иран да се обврзе на шест точки.

1. Петгодишно суспендирање на ракетната програма.
2. Целосна забрана за збогатување на ураниум.
3. Демонтирање на реакторите во нуклеарните постројки Натанц, Исфахан и Фордоу.
4. Воспоставување строги надворешни протоколи за надгледување на центрифугите и сродните машини.
5. Склучување договори за контрола на оружјето во регионот, со ограничување на бројот на ракети на максимум 1.000.
6. Прекин на финансирањето на посредничките групи како Хезболах, Хути и Хамас.

Текстот Шест американски услови за мир со Иран е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top