Шест милиони луѓе останаа без работа во ЕУ поради Ковид-19

пред 4 години

Кризата со коронавирусот има невидено влијание врз економијата на Европската Унија, како и врз пазарот на трудот и целото општество, се вели во студијата на Европската фондација за подобрување на условите за живот и работа.

Според резултатите од истражувањето на оваа агенција, со седиште во Даблин, до пролетта 2020 година, во ЕУ биле вработени 5,7 милиони луѓе помалку отколку на крајот на 2019 година, додека стапката на невработеност во европскиот блок се зголемила од 6,6 до 6, 7 проценти во истиот период.

„До јули 2020 година, скоро 50 проценти од работниците во ЕУ се префрлија на работа со полно работно време или со скратено работно време, е наведено во студијата.

Младите претрпеа најсилен пад на вработеноста, додека работниците на возраст од 25 до 54 години и постарите машки работници обично имаа работа со скратено работно време.

Значителни разлики во работните услови беа регистрирани и меѓу земјите-членки на ЕУ, при што Франција, Полска, Италија и Грција беа најтешко погодени од пандемијата, се додава во извештајот.

„За време на глобалната финансиска криза од 2008-2010 година, вработените со среден приход претрпеа најголеми загуби, додека кризата од Ковид-19 најмногу ги погоди работниците со најниски примања до вториот квартал на 2020 година“, се наведува во извештајот.

Фондацијата предвидува дека стапката на невработеност во ЕУ ќе се искачи на 8,6 проценти во 2021 година и ќе остане на осум проценти во 2022 година.

Share
Scroll to Top