Шпанија: Околу 70.000 мигранти ја напуштиле Сеута, бројот на загинати се искачи на 75

Шпанија: Околу 70.000 мигранти ја напуштиле Сеута, бројот на загинати се искачи на 75

пред 2 часа

Речиси 70.000 мигранти ја напуштиле шпанската енклава Сеута по минатонеделниот масовен влез од Мароко, соопшти шпанскиот министер за внатрешни работи, Фернандо Гранде-Марласка.

Според него, околу 72.000 лица влегле во Сеута, а приближно 70.000 веќе се вратиле. За останатите се утврдува нивниот правен статус, а оние што немаат право на престој ќе бидат вратени во согласност со шпанското и меѓународното право.

Министерот соопшти и дека бројот на загинати се искачил на 75, по пронаоѓањето на уште три тела, оценувајќи дека трагедијата е последица на дејствувањето на криминални мрежи за криумчарење луѓе.

Во Сеута сè уште се трага по околу 44 исчезнати лица, а локалните власти згрижуваат околу 1.000 деца мигранти без придружба. Кризниот бран предизвика и остри политички реакции во Шпанија, додека министрите за внатрешни работи на ЕУ ја пофалија соработката меѓу Шпанија и Мароко.

Текстот Шпанија: Околу 70.000 мигранти ја напуштиле Сеута, бројот на загинати се искачи на 75 е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top