Шпанската полиција ја изврши најголемата заплена на кокаин досега на отворено море, пресретнувајќи брод што превезувал речиси 10 тони дрога скриена во пратка сол на пат од Бразил до Европа, соопшти полицијата денес.
Операцијата резултираше со апсење на 13 лица кои беа пронајдени на бродот, а крајбрежната стража во Санта Круз де Тенерифе на Канарските Острови мораше да го одвлече бродот во пристаништето бидејќи на крајот остана без гориво, соопшти полицијата.
Полициските службеници, исто така, објавија дека пронашле 294 пакети дрога и пиштол на бродот.
На видеото се гледа како полицајците користат лопати и раце за да ископаат кокаин од под слоевите сол, а потоа формираат линија за да ги пренесат пакетите до пристаништето.
Во меѓународната операција учествуваа и американската Администрација за борба против дрога, бразилската федерална полиција, Националната агенција за криминал на Велика Британија и француските и португалските власти.
фото/епа
Текстот Шпанската полиција заплени рекордни 10 тони кокаин скриени во пратка сол е превземен од МАКФАКС.






