Ѓукановиќ: Нападите на Русија ја поткопуваат европската безбедност и ја загрозуваат нејзината стабилност

пред 3 години

Црногорскиот претседател Мило Ѓукановиќ најостро ја осуди утринава, како што наведе, воената агресија на Москва врз Украина.

„Црна Гора најостро ја осудува руската воена агресија врз Украина. Русија ги крши сите основни принципи на меѓународното право, ја поткопува европската безбедност и ја загрозува нејзината стабилност“, напиша Ѓукановиќ на „Твитер“.

Тој рече дека Црна Гора се придружува на повиците на лидерите на Европската Унија до Русија „итно да ги прекине непријателствата, да ги повлече силите од Украина и да го почитува територијалниот интегритет и суверенитет на Украина“.

Share
Scroll to Top