Јапонија воведе дополнителни санкции кон Русија: Забранети се и нови инвестиции

пред 3 години

Јапонската влада денеска одобри дополнителни санкции против 398 лица и 28 организации од Русија поради инвазијата на Украина. Конкретно, санкциите беа наметнати на претставниците на Државната дума, пишува Ројтерс.

Забранети се и нови инвестиции во Русија, а средствата на Сбербанк и Алфа-банк ќе бидат замрзнати од 12 мај.

Нови инвестиции од Јапонија во Русија по тој датум може да се прават само со посебни дозволи.

„Санкциите вклучуваат забрана за издавање руски обврзници во Јапонија и замрзнување на имотот на одредени руски поединци, како и ограничување на патувањето во Јапонија“, изјави премиерот Фумио Кишида.

Share
Scroll to Top