Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, ќе стане нов гувернер на норвешката централна банка, соопшти денеска владата во Осло и покрај загриженоста на опозицијата дека именувањето на овој поранешен премиер може да ја ослабе независноста на „Норгес банк“.
Столтенберг во врска со тоа дека на 1 март треба да ја преземе гувернерската функција изјави дека прво ќе го заврши мандатот во НАТО, кој трае до крајот на септември 2022 година, пренесува „Ројтерс“.
Ајда Валден Баче, заменик-шеф на централната банка и главен ривал на Столтенберг за функцијата, ќе биде вршител на должноста гувернер додека Столтенберг не ја преземе позицијата, соопшти норвешката влада.