Мртвите тела на цивили во Буча лежеле на улиците со недели, и покрај руските тврдења дека убиствата се случиле откако војниците си заминале, пренесува „Њујорк тајмс“.
Кремљ беше обвинет за масакр, Киев исто така го обвини за геноцид, но Русија негираше дека нејзините војници убиле цивили и тврди дека сето тоа било лага и измама. Сега, анализата на сателитските снимки пред и потоа направени од „Њујорк тајмс“ покажа дека многу цивили биле убиени пред повеќе од три недели – додека руските сили го контролирале и градот и тој дел од регионот на Киев.
Satellite images show bodies lay in Bucha for weeks, despite Russian claims
https://t.co/cbd92GXfgk— The New York Times (@nytimes) April 4, 2022
Сателитските снимки, доставени до весникот од „Maxar Technologies“, покажуваат дека најмалку 11 лица убиени во Буча се на улица од 11-ти март. Оваа најнова информација се појавува откако Пентагон денеска соопшти дека руските сили се одговорни за злосторствата во украинскиот град Буча.
„ Мислам дека е прилично очигледно, не само за нас, туку и за светот, дека руските сили се одговорни за злосторствата во Буча“, рече портпаролот на Пентагон Џон Кирби на брифингот.
„ Кои единици точно го направија тоа, дали се платеници или Чеченци, не можеме да кажеме во моментов. Но, секако не се сомневаме дека тоа е извршено од руска страна“, рече тој.