Ќе воведеме нови мерки, почнува најголемата енергетска криза, вели хрватскиот премиер

Ќе воведеме нови мерки, почнува најголемата енергетска криза, вели хрватскиот премиер

пред 2 часа

Премиерот на Хрватска, Андреј Пленковиќ, изјави дека Владата ќе интервенира преку нови енергетски мерки, кои се најавени за почетокот на следната недела, со цел зголемувањето на цените на енергенсите да биде помало и поодржливо за граѓаните и економијата.

„Ќе понудиме сè што е поврзано со цените на електричната енергија. Гасот е регулиран до октомври. Ќе носиме одлуки за ранливите купувачи на енергенси, ќе разгледаме низа мерки за земјоделците. За нив, растот на синиот дизел е особено чувствителен. Ова ќе биде пакет на кој интензивно се работи“, рече премиерот.

Тој најави дека пакетот ќе им биде презентиран на коалициските и социјалните партнери пред да биде усвоен на владина седница.

Целта, нагласи тој, е оние на кои им е потребно да имаат гориво и цената да не биде превисока.

Најголемата енергетска криза на оваа генерација

„Се наоѓаме на почетокот на најголемата енергетска криза што ја памети оваа генерација, па во тој контекст треба да го земеме предвид фактот дека Владата, како што правеше досега, ќе мора да интервенира, не само врз цената на нафтените деривати, туку ќе ги следи и цените на гасот на пазарот и, следствено, цените на електричната енергија“, рече Пленковиќ.

Текстот Ќе воведеме нови мерки, почнува најголемата енергетска криза, вели хрватскиот премиер е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top