Британскиот премиер Борис Џонсон објави дека владата ќе започне програма за вакцинација што е можно поскоро, што ќе се одвива 24 часа на ден, седум дена во неделата.
Тој истакна дека постои и проблем со ограничени дози вакцини против коронавирус, пренесува „Ројтерс“.
„Одиме на програмата 24/7 што е можно поскоро“, рече тој во парламентот.
Тој рече дека построгите рестриктивни мерки донесени минатата недела почнуваат да даваат резултати во некои делови на земјата, но додаде дека се уште е рано да се процени.