На почетокот на оваа година, LG го претстави првиот безжичен проѕирен телевизор, моделот LG OLED T. Овој телевизор сега е во продажба.
Станува збор за телевизор со екран во дијагонала од 77 инчи, а според информациите на официјалната веб-страница на LG, чини 60.000 долари.
LG’s new 77-inch transparent OLED TV is now on sale for $60,000.
Featuring 4K at 120 Hz, an AI processor, and a sliding black shutter to adjust transparency, it also includes a sleek stand with glass shelves. pic.twitter.com/wSd4iudPpl
— LIANDR (@TechLiandr) December 19, 2024
Како што рекоа од LG, OLED T има 4K резолуција и LG технологија за безжичен пренос на аудио и видео. Исто така, има екран кој се спушта или се крева со притискање на копче.
Се напојува со новиот LG Alpha 11 AI процесор со четири пати подобри перформанси од претходната генерација чип. Дополнителната моќност нуди 70% повисоки графички перформанси и 30% поголема брзина на обработка, како што тврдат од компанијата.
Моделот OLED T работи со уредот Zero Connect Box и безжично испраќа видео и аудио сигнали до телевизорот – конзолите и другите уреди за стриминг ги поврзувате, се разбира, на овој бокс, а не директно на телевизорот.
На почетокот, некои од визуелните елементи на OLED T се малку непријатни, бидејќи се чини дека она што го гледате на телевизорот е всушност во вашата соба.