Компанија со седиште во Хјустон денеска ќе се обиде да го приземји првото американско вселенско летало по 50 години на Месечината, како дел од напорите на НАСА да го отвори патот за комерцијалните вселенски летала да ги вратат астронаутите на сателитот на Земјата до крајот на деценијата.
Ако се оди според планот, Intuitive Machines полека ќе го приземји својот шестоаголен робот Одисеј во близина на јужниот пол на Месечината.
Контролорите на летот треба да го потврдат слетувањето околу 15 секунди откако ќе се случи, а настанот ќе се пренесува во живо на веб-страницата на компанијата. Пред слетувањето, Одисеј ќе пушти надворешна камера која ќе ги „фати“ последните секунди од неговото спуштање.
Според првичните планови, Одисеј требаше да слета вечерва околу 23:30 часот по македонско време. Сепак, потоа беше објавено дека планираното слетување е во 22:24 часот. Intuitive Machines објасни дека ажурирањето на времето дошло по „маневар за корекција на Месечината“.