За жал, сè уште немаме информации за тоа кога играта ќе биде достапна.
Поминаа 15 години откако The Elder Scrolls V: Skyrim го освои светот. Bethesda го најави The Elder Scrolls VI пред околу осум години, а оттогаш владее речиси целосен молк – со исклучок на неколку разочарувачки вести во врска со статусот на насловот. Сепак, компанијата конечно ни откри нешто: играта официјално се нарекува The Elder Scrolls VI: Sentinel.
Ова беше откриено во кратко видео во кое името се појавува, издигнувајќи се од песокот. Во светот на серијалот The Elder Scrolls, „Sentinel“ е името на еден од главните градови во Хамерфел, регион за кој се верува дека ќе биде главното место на дејствување во играта. Видеото исто така навестува дека играта можеби ќе ги истражува древните потекла на самите „Elder Scrolls“ (древните свитоци).
Фановите со месеци шпекулираа дека следната игра ќе се вика „Sentinel“, а ова видео ги потврдува тие теории. Уште во август, Аша Шарма, раководител во Xbox, даде навестување нарекувајќи ја играта „The Elder Scrolls VI: ********“ – бројот на знаци одговараше на зборот „Sentinel“.
А сега, лошите вести: иако го знаеме насловот, датум за издавање нема – а нема ниту снимки од самата игра. Од Bethesda напоменаа дека ќе помине „одредено време“ пред да бидат споделени какви било дополнителни информации.
Џејсон Шрајер од Bloomberg го потврдува ова, наведувајќи дека до излегувањето на самата игра има уште повеќе од две години. Во меѓувреме, додека го чекаме продолжението, секогаш можеме по стоти пат да го заиграме Skyrim.






