По мистериозниот тизер објавен претходно, Aston Martin официјално го претстави новото лого на брендот.
Откривањето на новото лого доаѓа во време на инвестиции од Саудиска Арабија, што извршниот директор на компанијата Лоренс Строл го опиша како „настан што ја менува играта“ за Aston Martin. Заедно со новото лого дојде и новиот слоган „Intensity. Driven“.
Тоа е само осмото лого во 109-годишната историја на компанијата. Во физичка форма, новиот дизајн е рачно изработен од занаетчии во квартот за накит во Бирмингем.
Новото лого ќе ја краси следната генерација спортски автомобили на Aston Martin, но пред тоа, новиот дизајн на крилата ги красеше болидите на Aston Martin Cognizant F1 Team на патеката Paul Ricard, каде вчера се возеше трката за Големата награда на Франција.
Сепак, носот на автомобилот ќе го има оригиналното лого што ја одбележува 100-годишнината од трките на марката.