Повеќето од оние кои пружаат компјутерски услуги немаат никакви политики или контроли за приватност за да ги заштитат личните информации на сопствениците на уреди од „душкање“ од страна на техничарите.
Истражувачите од Универзитетот Гелф во Онтарио, Канада, испитувале лаптопи поправени во локални сервисни продавници. Податоците покажаа дека техничари од шест локации пристапиле до личните податоци и дека две продавници копирале податоци.
„Ако сте го дале вашиот уред на услужна компанија и сте ѝ дале пристап со вашиот безбедносен PIN, тие можат да пристапат до се што не е дополнително ограничено на вашиот уред и да создаваат копии од вашите податоци“, изјави експертот за сајбер безбедност Џош Смит за Lifewire.
Истражувањето покажало дека и покрај загриженоста за личните податоци, корисниците ги испраќале своите уреди на сервисот бидејќи самите сакале да го вратат пристапот до нивните податоци, кој бил блокиран поради неисправен уред.
Авторите на истражувањето ги повикуваат производителите на уреди, развивачите на ОС, давателите на услуги и регулаторните тела да преземат соодветни мерки за заштита на приватноста на клиентите.
Тие наведуваат и дека е можно да се заштитат податоците со користење на услуги како што се iCloud, Google Drive, Microsoft OneDrive и други облак услуги, за чиј пристап е потребно дополнително најавување во форма на лозинка или отпечаток од прст.
На овој начин, податоците може да останат заштитени додека уредот се сервисира, а сопственикот може да пристапи до нив од кој било друг уред без страв од неовластен пристап.