Твитер е во состојба на хаос уште откако Илон Маск ја купи компанијата за 44 милијарди долари. Сега милијардерот вели дека корисниците се најавуваат на платформата повеќе од кога било.
Маск објави твит во кој вели дека бројот на корисници на Твитер е на највисоко ниво на сите времиња и додаде дека се надева дека серверите нема да се стопат (под таков притисок).
Twitter usage is at an all-time high lol
— Elon Musk (@elonmusk) November 8, 2022
Истражувачите на Apptopia забележаа дека просечните дневни преземања на апликацијата Twitter, како и бројот на просечни дневни корисници на Twitter, се зголемени откако Маск ја презеде компанијата.
Сепак, се чини дека има и некои негативни вести за Твитер. Компанијата отпушти илјадници вработени и губи огласувачи.
Некои огласувачи го прекинаа рекламирањето на платформата поради загриженоста за новото раководство на Твитер и драмата што следеше по купувањето на Маск, пишува Business Insider.
Бот Сентинел исто така објави дека повеќе од 1,3 милиони корисници го напуштиле Твитер по купувањето на Маск. Тоа е независна платформа која ги следи дезинформациите и насоченото вознемирување на Твитер.
Иако некои корисници доброволно го напуштија Твитер, има и многу чии сметки се суспендирани или укинати. Една од причините е што многу корисници ги променија имињата во „Елон Маск“, што на новиот сопственик не му се допаѓа.