Не сите возачи знаат што има под хаубата на автомобилот или, пак, какво масло користи или е најдобро за моторот. За тоа се задолжени сервисните центри, но што ако се најдете во ситуација да треба сами да доставите масло во моторот. Како да знаете што значат бројките на кутијата? Што значи SAE 5W-30? Краток одговор – бројот го означува вискозитетот на маслото и W значи – во зима.
Долгиот одговор – Здружението на автомобилски инженери (SAE) има воспоставено коден систем за оценување на маслото за мотори во зависност од нивните карактеристики на вискозност. Вискозноста на маслото се менува во зависност од температурата, а голем број производители имаат развиено масла за соодветна заштита на широк опсег на температури.
Примерот со SAE 5W-30, бројот пред W го означува вискозитетот на маслото на ниски температури. Колку е понизок бројот, толку маслото има подобри својства на ниска температура и ладен старт на моторот. Бројката после W означува каква е вискозноста на маслото на нормална работна температура.